fbpx
12 C
Skopje

Чавков гарантира безбедност: Пратениците без проблем ќе влезат и излезат од Собранието

АКТУЕЛНО

Директорот на БЈБ, Митко Чавков во изјава за Дојче Веле тврди дека пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот, откако се шпекулира дека некои од учесниците во протестите ќе се обидат да ги блокираат приодите до Собранието.

„Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови согласно тие информации и безбедносни проценки. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства“, вели Чавков за Дојче Веле.

На прашањето кое многумина ги интересира, дали утре пратениците непречено ќе влезат и излезат од Собранието, Чавков јасно порача: „Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот!“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -