fbpx
28.8 C
Skopje

Делчевчанецот Кристијан Велиновски го спаси својот тим од пораз – ФК Академија Пандев одигра 2:2 со Ѓер!

АКТУЕЛНО

Без победник но со вкупно четири постигнати гола заврши вториот дуел кој младинскиот тим на ФК Академија Пандев го одигра попладнево на  GENERALI CEE Cup-от во Прага.

Конечниот исход од дуелот на ФК Академија Пандев со унгарскиот тим Ѓер гласи 2:2. ФК Академија Пандев поведе со голот на Велиновски во 30.минута и таа предност ја задржа до крајот на полувремето. Во вториот дел од средбата Наџи во 59.минута израмни на 1:1, а потоа Шанто во 69.минута му донесе предност на противникот од 2:1.

Ова не ги обесхрабри нашите момчиња кои и натаму создаваа шанси кон противничкиот гол, а одличниот Велиновски круниса една таква со погодок во 84.минута со што беше поставен и конечниот резултат 2:2.

Потсетуваме во првиот дуел од овој турнир младинците на ФК Академија Пандев одиграа меч без голови со ФК Евертон.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -