fbpx
-3 C
Skopje

Делчевските попови ја стопираа иницијативата за хуманитарна акција

АКТУЕЛНО

4 пати помалку заболeни денес, но и драстичен пад на бројот на тестови

Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 54 -Куманово 1 -Тетово 3 -Велес...

Починa “ШЕРИФ” Тоти – ТРАГЕДИЈА ВО РИМ

Енцо Тоти, татко на Франческо Тоти, почина на 76-годишна возраст. Тој беше пациент со срце, а кoроната го чинеше живот. Енцо го доби прекарот „Шериф“. Од...

Лидијa Димовa најави прес-конференција

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, најави конференција за печат. -Во врска со написите, кои деновиве беа пласирани на...

Филипче денес порано ги објави резултатите: Еве ги бројките по градови

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 96,Куманово 5, Штип 7, Прилеп 1,...

Наближува еден од поголемите христијански празници, Богојавление или Водици, денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со одбележување на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Tрадиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Како и во сите градови така и во градот Делчево се одбележува овој празник. Традицијата е кој го фати Светиот крст, со него да ги помине сите куќи од градот, а жителите го даруваат крстот и се молат за здравје и среќа во текот на годината. Пред неколку години токму во Делчево, на овој празник, во водите на реката Брегалница се случи инцидент на кој граѓаните на Делчево многу не сакаат да се потсетуваат, па од тогаш од црквата е одлучено Светиот крст да не се предава на чесниот фаќач, туку да остане во црквата, а сите граѓани кои сакаат да го даруваат крстот, одат во црквата.

Од страна на учесниците на овогодинешното осветување на реката Брегалница во Делчево, се појави иницијатива, со која ќе се побара од црквата да се одобри на фаќачот на крстот да ги помине сите куќи низ градот, а соберените парични средства да се донираат во хуманитарни цели, поточно на оние кои им е најпотребна оваа помош.

„Како што знаете сите, Светиот крст повеќе не го предаваат на чесниот пронаоѓач да ги помине куќите со него. Мојот предлог е доколку сите учесници се согласуваат, кој успее да го фати крстот, да покренеме иницијатива црквата да ни го предаде крстот, а соберените парични средства да ги донираме во хуманитарни цели, бидејќи има луѓе во нашиот град на кои што им е потребна помош“ – гласи предлогот на еден од учесниците.

Стапивме во контакт со еден од учесниците кој бил во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ да го соопшти овој предлог, а од страна на свештените лица оваа иницијатива била експресно одбиена без повеќе или помалку размислување.

Кај граѓаните на Делчево остана прашањето, зошто поповите не сакаат да ја одобрат оваа хуманитарна иницијатива, која ќе помогне на многумина на кои им е потребна помош во овие студени зимски денови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

42 активни случаи на ковид кај учениците и 65 кај наставници

Министерството за образование и наука информира дека заклучно со 12 часот денеска, вкупно има 42 активни случаи на КОВИД-19 кај учениците и 65 кај...

4 пати помалку заболeни денес, но и драстичен пад на бројот на тестови

Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 54 -Куманово 1 -Тетово 3 -Велес...

Скопјанка за битката со коронавирусот: Ова искушение ме научи дека љубовта кон семејството е највредното нешто

Скопјанката Билјана Тасева е училителка во основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопје и таа е еден од пациентите кој ја добил „битката“ со коронавирусот....

Д-р Даниловски: Во јавниот превоз гледаме луѓе натискани како сардини

Ако споредиме колку млади се дружат навечер, се спроведува без мерки на заштита и ако споредиме колку луѓе одат на работа со јавен превоз,...

Границите со Грција остануваат затворени за нас – новата забрана трае до 25 октомври

Границите со Грција остануваат затворени до 25 октомври, откако двете министерски одлуки што се однесуваат на привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања...
- Advertisement -