fbpx
27.8 C
Skopje

Делев: Овој ребаланс на буџетот не носи реформи, туку е со цел да му удоволи на Заев на плановите за целосно партизирање на државата

АКТУЕЛНО

Антиреформската влада на СДС целата своја неодговорност и неспособност ја покажа и во предлог ребалансот на буџетот. Со ребалансот на буџетот се кратат суштински проекти во интерес на граѓаните, а се зголемуваат ставките кои треба да ги поддржуваат ситно партиските интереси на СДС, обвини денеска на прес конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој спомена неколку од десетиците нерационални потези кои Владата на СДС планира да ги полече со ребалансот на буџетот.

-Дополнителни 2 милиони денари за Службата за општи и заеднички работи, преку која пред извесно време отпочна постапка за набавка на октоподи, морски плодови и егзотична храна.

-Дополнителни 42 милиони денари за набавка на нова опрема во владата.

-Дополнителни  20 милиони  денари за времени вработувања за 5 месеци во сите министерства, со што веројатно ќе го покриваат партизирањето на институциите од чистачка до министер, како и што и најавија. Овој процес веќе е отпочнат со вдомување на партиските војници и соросовите платеници кои ќе земаат плата на грбот на граѓаните.

-Дополнителни 66 милиони денари за договорни услуги во  министерството за надворешни работи.

-Дополнителни 31 милион денари за финансирање на невладини организации од областа на земјоделието со цел да ја покријат катастрофалната политика која ја водат во овој сектор.

-Антиреформската Владата на СДС ќе ги обезбеди сите овие средства на сметка на кратење на парите на проекти кои се во интерес на граѓаните.

-Имено за да се набавуваат морски плодови, договорни услуги, нова опрема, привремени вработувања и да се финансираат невладини организации  ќе се кратат средства и тоа најмногу:

-Агенција за млади и спорт, кратење на 13 милиони денари од проектите за млади.

-Кратење на 80 милиони денари и поништување на проектот за ревитализација на амфитеатарот во  Скупи.

-Укинување на пари за изградба на индустриската зона Визбегово.

-Укинување на проектот целосна жичара до ВОДНО.

-Кратење на 30 милиони денари  за градба на спортски објекти.

-Кратење на 155 милиони денари за градба на студентски домови.

-Намалувања за 15 милиони денари за изградба на училишта, кратење на 8 милиони денари за реконструкции на училишта, и кратење на 85 милиони денари за изградба на спортски сали.

-Кратење на 28 милиони денари за изградба и реконструкција на домови за стари лица.

-Кратење на 3 милиони денари  за реформи во судството.

-Кратење на 700 милиони денари за ставката за модернизација на Армијата.

-Сето ова се само дел од штетните потези кои антиреформската влада на СДС ги планира да ги прави со цел да обезбеди партиски интереси, а со кои директно им штети на граѓаните на Република Македонија. Ова е ребаланс на буџет кој не носи реформи, туку е со цел да му удоволи плановите на Зоран Заев за целосно партизирање на државата од чистачка до министер, изјави Делев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -