29.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

Црна чума се зададе во нашето музичко творештво

Меморија! Бенд кој беше насловната страна на нашето осамостојување како држава. Предвесник на македонското во културата, музиката. Она што на почетокот беше силен ентузијазам за наша засебност. За воздигнување на нашиот култ. Револуција и авангарда…Некогаш ни го даваа во форма на грамофонска плоча, и се радувавме на тие подароци…Грамофоните ги исфрлија од употреба а ние ја исфрливме од употреба нашата култура…
Каде сме денес? Црна се чума зададе во нашето музичко творештво за конечно се да замре минативе години. Музика и албуми речиси и да не се снимаат. Изумре традицијата кон нашиот кавал, гајда, зурла, тапан….Остатоците од нашиот мелос се вкомпонирани во оваа прекрасна нумера. И никој не може да ни го одземе идентитетот ако сами не го дадеме. Нема посилно негирање за една нација од сопственото негирање. Патриотите кои се задоени со српски турбофолк под бранење идентитет подразбираат нешто друго. Јас го подразбирам во гаење на нашата култура и вредности кои за жал сами ги фрливме во заборав…Идентитетот се чува со негување на својата култура,музика, традиција…
Земјата на виното, на разбојот, на кавалот, на тапанот, зурлата, на Тешкото, на Војводите и Комитите, ги покри со земја своите вредности. Ете..И оваа година Северина ни е главна ѕвезда на Пиво фестот во Прилеп. Ако не е она ќе е Харис…Адил…Чуктераш….Сцената е зафатена за Македонија, тука во Македонија…
Купете си карта за концертот на Меморија во Ноември. Чини 500 денари и со билетот добивате и ЦД со нивните хитови…Во Меморија се мемориите за една наша поубава Македонија која требаше да биде многу поубава приказна од овој кичерајски фалсификат што го живееме денеска.
А песнава…Магична е…Македонија е во неа 

поврзани објави

Последни објави