fbpx
12.8 C
Skopje

Денови на студентите по новинарство на универзитетот „Гоце Делчев“

АКТУЕЛНО

Правниот факултет и центарот за односи со јавност при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип по повод Меѓународниот ден на слободата на печатот денеска организираат „Денови на студентите по новинарство од Република Македонија“.

Во рамки на одбележувањето предвидена е средба и заедничка работилница на студентите по новинарство и заедничко продуцирање на новинарски производи.

Настанот, како што е најавено, ќе го отвори Олга Кошевалиска, продекан на Правниот факултет.

Во рамки на настанот е предвиден и натпревар меѓу студентите по новинарство во создавање на новинарски производ: радио и ТВ прилог.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -