fbpx
21.8 C
Skopje

ЕП почнува постапка за одземање имунитетот на Марин Ле Пен

АКТУЕЛНО

Европскиот парламент почнува постапка за одземање  имунитетот на Марин Ле Пен. Таа е осомничена за злоупотреба на пари од европските фондови, објавија извори од Бюрксел.
Постапката е почната на барање на француски судии, кои испитуваат дали Ле Пен ги плаќала незаконски со  европски средства своите соработници. Сепак веројатноста таа да се појави во Европарламентот за сослушување пред вториот круг во Франција на 7 мај, е занемарлива.
Победникот во првиот круг – Емануел Макрон, повторно ја нападна Ле Пен со критиката дека таа пропагира омраза и изолационизам, кои можат да и наштетат на француската економија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -