fbpx
19.8 C
Skopje

Еврејски мудрости

АКТУЕЛНО

„Да се разберат Евреите е потешко од било кој друг народ“, рекол Елиас Канети.

Човекот има потреби од три работи – трпение, сладкодумие и способност за чување на тајна.

За човековата природа

Бог не може да биде насекаде – затоа ги создал мајките.

Извршителите на законот се по страшни од самиот закон.

Не биди сладок затоа што може да те изедат. Не биди горчлив, бидејќи можат да те исплукаат.

Злобата е оружје на слабите.

Да заведуваш на некому, значи дека ти си по слаб од него.

Кога шоферот верува во бесмртноста, животот на патниците е во опасност.

Трпението е сладко, но плодовите му се слатки.

И малиот човек може да има голема сенка.

За парите и долгови

Богатите немаат деца, имаат наследници.

Пари на заем давај пред сведоци, дарувај без сведоци.

Пријател стекнуваш бесплатно, за ѓавол си плаќаш.

За доброто

Доброто се помти долго, злото – уште по долго.

Добриот збор не чини пари.

Добриот човек често го сметаат за глупак.

Двајца луѓе не веруваат во твојата смртт – тој, кој те сака и тој, кој те мрази.

За паметниот и глупавиот

Паметниот јаде, за да живее, глупавиот живее, за да јаде.

Паметниот го крие својот ум, глупавиот ја демонстрира својата глупост.

Секој е многу паметен, кога станува збор за туѓа несреќа.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -