Sun. Sep 24th, 2023

Може да влезе новиот трет мобилен оператор во земјава најавуваат од Агенцијата за електронски комуникации. Исто така директорот на АЕК, Сашо Димитријоски најавува дека има интерес за влез во Македонија на нов мобилен оператор.

„ Има интерес, но ќе видиме како ќе се одвиваат натаму договарањата. Околу виртуелните оператори еден веќе е во функција, вториот очекуваме во најскоро време да почне со работа. Исто така, насекаде го промовримае концептот кој овозможува на виртуелните оператори да работат економски исплатливо и очекуваме дека ќе имаме дополнителни интереси од други виртуелни оператори“- истакнува Димитријоски.

Инаку, од АЕК ги опоменаа мобилните оператори дека треба уште многу да работат на подобрување на квалитетот на сигналот. Дваесет отсто од поплаките на корисниците биле за лошиот квалитет на сигналот во мобилната мрежа.

By Dejan

Leave a Reply

Your email address will not be published.