fbpx
30.8 C
Skopje

ФОТО: Ги пронашле нивните тела 33 години по смртa, а со нив и автентични слики

АКТУЕЛНО

Освојувањето на Северниот пол од одамна било права опсесија за многу држави, а особено во периодот на 19. век. Повеќе од обидите и мисиите завршувале неуспешно, а една од најфасцинантните приказни им припаѓа на Швеѓаните.

Во далечната 1897 година, на 11. јули експедиција на чело со С.А. Андре, заедно со инжињерот  Кнута Френкел и младиот фотограф Нилс Стриндберг полетале со балон во обид да го надлетата Сверниот пол.

Сепак балонот изгубил контрола, па по 65 часа неконтролиран лет, тој се срушил на мразот. Тричлениот состав на екипажот извесен период пробал да преживее, направиле импровизиран логор, но починале а причините биле или смрзнување, или пак заразено месо од мечки.

Вистински расплет на оваа приказна следувало 33 години подоцна кога во 1930г година, екипаж на бродот „Братваг“ ги пронашла нивните тела, како и растураниот логор,  но и фотоапарат. Вистинското ботатство се криело внатре кога биле извадени 93 од 240 слики, а на дел од сликите се забележани последните денови од животот на споменатото трио.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -