fbpx
18.8 C
Skopje

ФОТО: Општина Центар го комплетираше паркот на улица „Загрепска“

АКТУЕЛНО

Општина Центар за жителите од улица „Загрепска“ и околината направи нов простор за одмор, релаксација, маалска дружба и детска игра.

На средбите што градоначалникот Андреј Жерновски ги имаше со жителите од овој реон, беше договорено да се постави ново детско игралиште на локацијата позната како “КТК”.

Општина Центар го комплетираше паркот на улица „Загрепска“

Игралиштето е изработено од дрво со убави бои, а ќе се постават и клупи за седење.

Со новото игралиште се комплетираше парковската површина, која Општина Центар ја уреди хортикултурно.

Парк на површина од 640 m2.

На некогаш запуштениот простор, обраснат, со суво дрво надвиснато над некогашното игралиште и опасно за децата, граѓаните добија убав парк на површина од 640 m2.

Над 400 зимзелени и листопадни садници, како и богатиот цветен насад со колоритните бои, ја разубавуваат околината.

Вграден е и автоматски систем за полевање, се вели во соопштението на Општина Центар.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -