fbpx
16 C
Skopje

ФОТО: САД и коалиционите сили нападнаа училиште во Рака, најмалку 33 загинати

АКТУЕЛНО

Најмалку 33 луѓе загинаа денес, во сириската провинција Рака, во напад на коалицијата предводена од САД во училиште кое се користело како центар за раселување, недалеку од градот под контрола на џихадистите, соопштуваат од сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

„За сега можеме да потврдиме дека се убиени 33 луѓе, избеглици од Рака, Алепо и Хомса“,

се соопштува од Опсерваторијата .

Нападот се случил јужно од градот ал Мансура во северната провинција Рака, која е под контрола на Исламската држава.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -