fbpx
12.8 C
Skopje

Георгиевски и Климовски – Народот е на само 20 метри од Собранието, ништо нема да го спречи!

АКТУЕЛНО

Веќе 32 дена како граѓаните на Скопје протестираат против како што велат, Тиранската платформа и за зачувување на унитарноста, сувереноста и независноста на Република Македонија.

Пред присутните граѓани се обрати поранешниот спикер на македонскиот парламент, Љубиша Георгиевски и универзитетскиот професор по Уставно Право, Саво Климовски.

Георгиевски повика на потпишување петиција на која би се потпишале граѓаните кои се против „тиранската“ платформа, со која ќе се побара од ЕУ да се огради од платформата.

„Сакале тие или нејќеле, ќе мора да не евидентираат, така ние ќе влеземе, ако не во ЕУ, во европската историја“, вели Георгиевски.

Тој им се заблагодари на присутните, велејќи дека му е мило што го примиле во „храмот на патриотизмот“. Дури Георгиевски зборуваше, граѓаните го скандираа неговото име.

Пред граѓаните кои протестираат на маршот „За заедничка Македонија“ се обрати и универзитетскиот професор Саво Климовски. Тој упати благодарност до иницијативниот одбор на организацијата за заедничка Македонија, што го поканиле да се обрати на како што го нарече, „собирот на демократијата“.

„Сакам со вас да го споделам чемерот што го носам по два основи – Првиот е професионален, јас како професор по Право, сметам дека половина од пратениците кои седат во парламентот погрешно ги научиле лекциите. Не знам во кого е грешката, во мене или во нив“, запраша тој.

Климовски нагласи дека тие удриле по Уставот.

„Ова е велеизмама и ние мораме да расчистиме со ваквите велепредавници кои сакаат да ни го уништат тоа што сме го граделе. Нема да дозволиме да се смени името, грбот, знамето, химната, нашите обележја. Ќе успееме во оваа наша борба“, заврши Климовски.

За време на говорот на Климовски, граѓаните скандираа „избори“, порачувајќи дека тие не ја прифаќаат, како што велат, „тиранската“ платформа.

Протестите по 32 пат се одржаа во Скопје и низ градовите низ земјата. Тие и утре продолжуваат стандардно во 17:00 часот пред Собранието на Република Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -