-1.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

Имало местенки на средби во Македонија: МВР и ФФМ во заедничка истрага

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со инспектори од МВР отвори истрага за евентуално наместени три натпревари кои биле одиграни во пролетниот дел од македонската фудбалска сцена.

До одделот за интегритет во ФФМ преку телефонската линија за пријавување неправилности на фудбалските натпревари 0800-15-800 прифатена е дојава за недозволено влијание и нерегуларности на три натпревари од МФЛ.

„Одделот за интегритет во рамки на ФФМ одлучи случајот да го предаде на полицијата од која ќе бара истрага. Органите и телата при ФФМ ќе спроведат истрага, веќе формираа предмети во насока на утврдување на вистината и регуларноста на исходот на натпреварите кои сега се предмет и на МВР“, изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за интегритет и безбедност во ФФМ.

поврзани објави

Последни објави