fbpx
18.8 C
Skopje

Груевски за ребалансот: Се прават катастрофални грешки во економијата кои што на крајот завршуваат на грбот на народот

АКТУЕЛНО

Првата работа што ми падна во очи со Ребалансот на Буџетот се намалените капитални расходи, што значи инвестициите се намалуваат за околу 50 милиони евра, и второ што ми падна во очи е намалувањето на растот, што е директно поврзано со намалените капитални расходи, затоа што капиталните расходи, односно инвестициите од Буџетот се една компонентите кои што го движат развојот на економијата, Тоа не единствената, не е една од компонентите што го движат развојот на  економијата и консеквентно на тоа, како последица на тоа природно е да се намалува и растот на економијата, што не е добро, што е лошо, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Ова што го прават со патиштата, запирање на градба на два автопати, се цел да прикажат дека нешто недостасува, па ете сега тие ќе го решат проблемот и да покажат некаква божемна своја активност се одразува лошо на економијата. Така направија со Националната Арена „Филип Втори“, три – четири дена говореа дека не било спремно за одржување на Суперкупот, дека тие сега тоа ќе го средат, за после три- четири дена излезе работата дека недостасувале климатизери кои ќе ги набави ПУИК и после два-три дена од тоа УЕФА излезе со телевизиски спот со кој што дефинитивно промовира дека Суперкупот ќе се одржи во Скопје. На лагата и се кратки нозете и работите излегуваат брзо на површина, рече Груевски.

Тој нагласи дека така е и со патиштата, со сила прават проблеми дека трасата била утната и слични работи. Такво нешто, подвлече Груевски не постои, тоа се измислени проблеми.

Тоа се одразува сега со капиталните трошоци во Буџетот, тие се намалуваат и се намалува и растот на економијата. Се прават катастрофални грешки во економијата кои што на крајот завршуваат на грбот на народот. Додека политичарите од СДСМ си прават реклама дека решаваат некои измислени проблеми, дека ќе смислат подобра локација за Клинички центар и слично, паѓаат капиталните расходи, односно капиталните инвестиции во Буџетот, а се намалува растот на економијата. Тоа се рефлектира на севкупната еконопмија и севкупниот животен стандард. Тоа е лошо. Лошо е кога заради ситни политички поени и покажување на некоја измислена божемна активност за решавање на некои измислени проблеми на крајот страда целата економија и страдаат граѓаните, рече Груевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -