fbpx
16 C
Skopje

Илиевски: На 24 март нема да има влада качена на Тиранската платформа

АКТУЕЛНО

Еден од основачите на граѓанската организација „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски на денешниот говор на протестниот марш кој се оддржува веќе 25 дена рече дека гаранција за тоа дека нема да има Влада на 24 март се токму 200. 000 граѓани кои излегуваат на улица за одбрана на државата.

„Денес 25-тиот ден откако излеговме на улица. Ако се сеќавате, рекоа дека на 24 март ќе формирале влада. Ние гарантираме, сите 200.000 кои излегуваат на улица, дека на 24 ти март нема да има влада качена на Тиранската палтформа, и тоа треба да им е јасно“, истакна на денешниот протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија Богдан Илиевски.

Тој додаде дека тие нема да ја наведнат главата и порача дека во нив веќе нема страв, туку тие се слободни и ќе се борат за вистината.

„Ние сите 200.000 по улиците, рековме и повторуваме не смее да се избере било кој претседател на Собранието на Република Македонија кој нема да се откаже од Тиранската платформа и од нејзината суштина и од тоа нè отстапуваме. ако некој сака да не тестира нека повели. Стравот веќе не живее меѓу нас. Ние сме слободни, бидејќи лесно е да си слободен кога ја говориш вистината и се бориш за неа. Храбри сме бидејќи ни е должност и благодет да сме храбри кога се работи за најчесната од сите битки, онаа за својата држава. Нè видовме колку сме, но не знаете колку може да бидеме бидејќи ова е моментот кога Македонија се буди и вели „Доста од вашите заплашувања, уцени и потценувања. Животот ни помина веднејќи ја главата, тоа веќе не е опција, главата горе со исправена кичма и со вистината како сојузник“, вели Илиевски.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -