2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Министерот Лутфиу присуствуваше на конференција во Кипар

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу присуствуваше на министерска конференција – „Обезбедување демократија преку образованието” во Никозија, Република Кипар, организирана во рамки на Кипарското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Како што соопшти МОН, на конференцијата присуствувале сите министри за образование на Европа и регионот и дискутирале за суштински прашања, како што се улогата на образованието во едно демократско општество, вредностите на разновидноста и дијалогот, кризата со мигрантите и нивното интегрирање.

Министерот Лутфиу во своето обраќање истакнал дека вредностите како што се демократијата, правдата, еднаквоста, одговорноста и почитта се основни уставни принципи на современите општества.

„Еден од најважните поими на социолошките истражувања е набљудувањето, анализата на вредностите во општеството, нивното влијание врз животот и културата на граѓаните во политиката и донесувањето одлуки“, рекол Лутфиу, додавајќи дека образованието има важна улога во развојот и проширувањето на основните вредности.

Меѓународните институции, потенцирал Лутфиу, спроведуваат одредени општествени вредности кои служат за изградба на стабилно општество, а демократијата, рекол тој, е форма на владеење и начин на учествување на граѓаните особено на младите во процесот на креирање политики за вистинските вредности на отвореното општество.

„Граѓанското општество е еден од основните столбови на демократските вредности на современото општество, затоа што преку активностите има важна улога на општествените процеси со цел создавање поволна средина за учество на сите општествени слоеви во динамиката и социјалните бенефиции“, истакнал Лутфиу.

Нашата земја, рекол Лутфиу, претставува општество составено од различни националности, култури и религии и секој ден се соочуваме со предизвици со цел да ги чуваме со гордост нашите вредности и истовремено да ги промовираме истите.

„Младите генерации треба да ги научат демократските вредности на рационалното општество, треба да учествуваат во иницијативи за унапредување на слободата и човековите права, да се вклучуваат во промените и трансформациите во општеството и да учествуваат на донесување одлуки во локално и централно ниво“, истакнал Лутфиу во обраќањето.

Целта на демократијата, рекол тој, е ограничување на власта, создавање услови за критики и создавање владетели. Од ова произлегува дека демократијата е силен механизам за одбрана од злоупотребата на власта, што е од големо значење за Балканот и што треба да се идентификува од страна на младите за заштита од страна на авторитаризмот, декаденцијата, нетолеранцијата, дискриминацијата и разните фобии.

„Земјите од Западен Балкан бараат повеќе внимание, повеќе посветеност и поголема регионална соработка, со цел образовните процеси и интеграцијата да добијат вистинска насока. За исполнување на целта неопходно е инвестирање во образовните проекти кои ќе придонесуваат за интегрирање на нашата земја и подобро познавање меѓу себе“, истакнал министерот Лутфиу на министерската конференција во Никозија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави