9 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

Интервју со Џамбаски – европратеник од Европските конзервативци и реформисти: Гоце Делчев е камен-темелникот кој може да не обедини

Разговараме со Ангел Џамбаски – европратеник од Европските конзервативци и реформисти, заменик претседател на ВМРО – Бугарско национално движење

Интервју со европратеникот Ангел Џамбаски

ПОГЛЕД: Господине Џамбаски. Од каде започнува идејата за префрлување на останките на Гоце Делчев во Македонија, која во тоа време била дел од федеративна Југославија?

За жал, многу често судбината на хероите е да не почиваат мирно. Општо познато е дека после три години од смртта на Гоце Делчев војводите Михаил Чаков и Таската Серски се враќаат во с. Баница за да му ги вратат посмртните останки. Ова е направено поради страв дека Грците може да го срушат гробот на херојот. Излегува, сепак, дека телото не е целосно распаднато ги изнесуваат само коските на черепот, рацете и нозете. Потоа тие биле положени од страна на клисарот на црквата во Баница под светиот престол во храмот. Тоа се разбира се одвивало под полна тајна. По балканските војни, кога станува јасно, дека селото ќе биде окупирано од Грција е донесено решение, коските да бидат преместени во Бугарија. По кратко време од Софија и Пловдив тие се положени во новоизградена „Дом на македонските бугари“ на улица “Пиротска“ во град Софија, каде што со огромна почит се чуваат до 1946 година.

Потоа доаѓа големо предавство од страна на бугарските комунисти. Поради притисокот од СССР, Коминтерната и Тито, се удира по ВМРО, се распаѓа ВМРО во Софија и посмртните останки на Делчев се предадени на Југославија.

Сега е најзрелиот момент да дадеме мир на коските на Гоце Делчев. Во Бугарија и во Македонија има многу луѓе кои се викаат Георги, но само еден е Гоце. Чествувајќи го заедно би било знак за почит кон сеќавањето на херојот. Сметам дека е добра идеја чествувањето освен во Скопје, да се случува и на местото каде што загинал Делчев во с. Баница.

ПОГЛЕД: Дали Гоце Делчев се изјаснувал за бугарин десетици пати како што се тврди од бугарска страна и дали може да посочите неколку документи, во кои тој лично вели, дека е бугарин?

Се разбира. Најпознатиот документ, во кој Гоце Делчев се идентификува како бугарин е неговото писмо до Никола Малешевски, во кое тој вели:

Отцепувањата и расцепкувањата никако не треба да нè плашат. Жално е, но што да правиме кога си сме бугари и сите страдаме од една иста болест! Ако таа болест ја немаше кај нашите прадедовци, од кои што ни е наследство, тие немаше да потпаднат под грозниот жезол на турските султани.

„Отцѣпленията и разцѣпленията никакъ да не ни плашатъ. Действително жалко е, но що можемъ да правимъ, когато си сме българи и всички страдаме отъ една обща болѣсть! Ако тая болѣсть не сѫществуваше въ нашитѣ прадѣди, отъ които е наследство и въ насъ нѣмаше да попаднатъ подъ грозния скиптъръ на турскит султани. Свесно го цитирам стариот бугарски правопис, на кој Делчев пишувал и предавал.

Исто така вреди да се видат дипломите од Егзархијата во Ново Село, каде што Гоце Делчев беше предавач по природна историја, географија и геометрија. Децата таму имаат писмени оценки и истите биле тестирани на бугарски јазик.

Освен тоа, Гоце Делчев бил учител на Солунската бугарска машка гимназија. Гоце бил дел од военото училиште во Софија. Нема сомнени за самоопределбата на Гоце Делчев.

ПОГЛЕД: Каде е роден Гоце Делчев, за каква кауза се борел и која била целта на таа негова борба?

Гоце Делчев бил пред се идеалист, кој сакал да работи за ослободувањето на Македонија и Одринско од турското угнетување. Во првиот устав на Бугарско македоно одрински револуционерни комисии (БМОРК) е јасно запишана целта што сами си ја поставиле:

„Чл. 1. Цела на БМОРК е да се добие целосна политичка автономија за Македонија и Одринско.

Чл. 2. За постигнување на таа цел, тие требало да ја разбудат свеста за самоодбрана на бугарското население во посочените области во чл 1. (…) ”

Ова не е некоја нова формула за времето. Како еден од основачите на БМОРК (која подоцна ќе стане ВМОРО), д-р Христо Татарчев изјавува, дека БМОРК го зел примерот од Бугарскиот револуционерен комитет, опишан во „Забелешки за бугарските востанија“ на Захари Стојанов. Захари Стојанов беше активно вклучен во работата за сојузот меѓу автономната Источна Румелија и Кнежество Бугарија. Автономијата беше логичен чекор кон нешто поголемо.

ПОГЛЕД: Што точно ќе побарате од македонската страна, од македонската влада и што можеме да очекуваме како одговор од Бугарија, ако не се најде заеднички јазик и од македонската страна не се признае дека, Гоце Делчев е бугарин?

Гоце Делчев треба да не обединува, а не да не разединува. Зборуваме за тоа како тој самиот се декларирал односно како тој самиот ја определил својата националност. Не треба да дозволиме отцепувањата и расцепувањата да не плашат. Секој бугарин гледа во секој македонец брат. Гоце Делчев е камен-темелникот, покрај кој можеме да се обединиме. Треба да го чествуваме заедно, заедно да се сеќаваме на неговите завети и заедно да го почитуваме.

ПОГЛЕД: Ако Бугарија беше во истата ситуација како Македонија и ако од вас како влада беше побарано да го промените уставното име на државата за влез во ЕУ, ќе склучевте ли еден таков договор како Преспанскиот?

Дозволете ми да кажам и да потсетам дека Бугарија ја призна прва Република Македонија со уставното име. За нас тоа прашање никогаш не претставувало проблем. Лично јас и организацијата ја сметаме Македонија не за северна или јужна, туку за братска. Сметам дека незадоволството на Грција доаѓаше највеќе од обидите на редица македонски политичари да спроведат една политика на „антиквизација“. За нас тој спор беше чуден и ете затоа не сме заземале страна. Македонија и Грција најдоа заеднички јазик околу тоа прашање, но Бугарија никогаш не зазаеде став против Македонија по ова прашање.

За да одговорам на вашето прашање – во процесот на присоединување секогаш има нешта кои не ни се допаѓаат. Кај нас како пример, апсолутно непотребно беа запрени два од најсилните реактори во АЕЦ Козлодуј. Ги советувам преговарачките македонски дипломати да направат баланс меѓу заштитата на националните интереси и исполнувањето на целта – членство во ЕУ. Не е лесно, но заслужува.

Latest Posts

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

АКТУЕЛНО

(ВИДЕО) Прекрасна емоција: Аплауз за Мила во детската клиника

Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш...

Синот на претседателот позитивен на корона вирус – тој му упати моќна порака

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку...

Тажна вест: Родилка не ја издржа борбата со корона вирусот, бебето е во добра состојба

Најновата вест е пренесена од страна на Министерството за здравство. Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на...

(ВИДЕО) Градоначалникот раскажа: Направив тестови во две приватни болници – резултатите беа различни

Тој за Канал 5 вели дека се чувствува добро и е без симптоми. Иста е состојбата и со неговата сопруга. Двајцата се тестирале откако...

Македонија конечно има прв официјален спортски канал

Македонската радио телевизија информира дека после големи подготовки и преземени активности со задоволство ве известува дека почнува со емитување на 4 нови телевизиски канали...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.