30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Џамбаски: Бугарија никогаш не зазаеде став против Македонија по прашањето за името, за нас не сте ниту северна ниту јужна туку братска Македонија

Европратеникот Ангел Џамбаски во интервју за „Поглед“ ги советува преговарачките македонски дипломати да направат баланс меѓу заштитата на националните интереси и исполнувањето на целта, членство во ЕУ.

Дозволете ми да кажам и да потсетам дека Бугарија ја призна прва Република Македонија со уставното име. За нас тоа прашање никогаш не претставувало проблем. Лично јас и организацијата ја сметаме Македонија не за северна или јужна, туку за братска. Сметам дека незадоволството на Грција доаѓаше највеќе од обидите на редица македонски политичари да спроведат една политика на „антиквизација“. За нас тој спор беше чуден и ете затоа не сме заземале страна. Македонија и Грција најдоа заеднички јазик околу тоа прашање, но Бугарија никогаш не зазаеде став против Македонија по ова прашање, рече Џамбаски.

По однос на прашањето за Гоце Делчев, тој вели:

Гоце Делчев треба да не обединува, а не да не разединува. Зборуваме за тоа како тој самиот се декларирал односно како тој самиот ја определил својата националност. Не треба да дозволиме отцепувањата и расцепувањата да не плашат. Секој бугарин гледа во секој македонец брат. Гоце Делчев е камен-темелникот, покрај кој можеме да се обединиме. Треба да го чествуваме заедно, заедно да се сеќаваме на неговите завети и заедно да го почитуваме.

Целото интервју можете да го прочитате ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави