fbpx
16 C
Skopje

Катастарот ќе формира Централен адресен регистар на Македонија

АКТУЕЛНО

Агенцијата за катастар на недвижност ќе формира нов адресен регистар на Македонија, односно идна централна баа на сите населени места која би требало да биде изработена во согласност со сите европски стандарди.

Тоа би значело географиски и визуелен приказ на улиците и куќните броеви, податоци кои и тоа како ќе бидат од корист за македонските институции, особено за МВР.

Катастарот во наредниот период ќе работи на овој проект заедно со компанијата ГДИ ГИСДАТА – Скопје. За проектот се предвидени 113.000 евра.

Најпрво ќе се направи пилот-проект, кој според најавите ќе се спроведе во Гостивар, Свети Николе и скопските општини Кисела Вода и Зелениково.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -