fbpx
18 C
Skopje

Кинескиот одговор за „Боинг“ и „Ербас“ се подготвува за првиот лет

АКТУЕЛНО

Кинескиот патнички авион „C919“ симбол на големите кинески амбиции, мина битен технички тест и се приближи на првиот лет.

Одбор кој го сочинуваат 63 стручни лица од цела Кина заклучи дека „C919“ е спремен за првиот лет, објави „Шинхуа“.

 Се наведува дека првиот лет на овој авион е одложуван од 2014.година најмалку два пати поради технички проблеми. Кинеските власти веруваат дека овој авион може да полета во првата половина од оваа година.

Авионот ќе мора да помине уште неколку тестови пред првиот лет, може да пренесе 168 патници и ќе биде жестока конкуренција на „Боинг“ и новата генерација 737 како и „Ербас“ А320.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -