2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Кинез потрошил повеќе од 100 илјади евра изработувајќи реплика на авион

Кинескиот фармер Жу Ју потроши повеќе од 100 илјади евра и преку една година за да си направи модел на авион Ербас А320 во природна големина.

Како што раскажува тој, уште од дете сакал авиони и сонувал дека еден ден ќе има свој.

Моделот на авионот го изработил во индустриски парк. Долг е 37,8, широк 36, а висок 12 метри. Во него има 40 тони челик.

– Само сакав да си го остварам сонот. И успеав, сега се чувствувам побогато, вели Жу кој на својата „играчка“ му додаде и вистински мотор.

Проектот го започнал во 2016. година, а пред да започне со изградбата на авионот, три месеци се подготвувал и ги проучувал нацртите.

– Има уште неколку ситници кои треба да ги завршам. Кога се ќе биде готово, планирам во авионот да отворам хотел или ресторан.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави