5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Лесно и без проблеми, сами пригответе ја највкусната „Ferrero Rocher“ торта

Ви нудиме фантастичен рецепт во кој ќе се вљубите после првото залче. Ова е најнов и досега највкусен рецепт од неодоливата „Ferrero Rocher“ торта.

Подготовка:

За кората измутете ги белките и шеќерот, во снегот од нив додадете ги прво лешниците, а потоа брашното, какаото и прашокот за печиво. Испечете 3 кори на 170 степени.

За филот измутете ги жолчките со шеќерот, додадете го пудингот сварен во млекото. Потоа додајте го маргаринот и добро измиксирајте. Поделете го филот на два дела. Во едниот додадете мелени лешници, а во другиот стопена чоколада.

За преливот стопете ги двете чоколади, потоа додадете масло за јадење и маргарин, а кога смесата ќе се соедини полека додадете го млекото. Можете за декорација да користите готови Ferrero Rocher топчиња. Добар апетит!

Состојки:

За кората:
– 5 белки
– 5 лажици шеќер
– 4 лажици мелени лешници
– 2 лажици брашно
– 1 лажица какао
– малку прашок за пециво

За фил:
– 15 жолчки
– 15 лажици шеќер
– 1 литар млеко
– 4 пудинзи од лешник
– 375 грама маргарин
– 200 грама чоколада
– 200 грама мелени лешници

За прелив:
– 2 милка чоколади со лешници
– 2 лажици масло за јадење
– 1 лажица маргарин
– 6 лажици млеко

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -