fbpx
18 C
Skopje

Лина Ѓорческа ја освои дубл титулата на силниот турнир во Кјасо

АКТУЕЛНО

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа продолжува со одличните партии оваа година, денеска таа и нејзината партнерка, Бугарката Александрина Најденова го освоија силниот ИТФ фјучерс во швајцарски Кјасо.

Лина со нејзината партнерка дојдоа до тронот на овој турнир после тешка борба со победа од 2-1 во сетови над Чешко-холандската двојка Катерина Крамперова и Росалиа Ван Дер Хок.

Лина и Александрина одлично го започнаа мечот и првиот сет го добија со 7-5. Вториот сет им припадна на Ван Дер Хок и Крамперова (6-2), но во клучните моменти, поточно во супер-тајбрејкот со 10-7 славеа Македонката и Бугарката.

За Лина овој трофеј во двојки е нејзин втор оваа сезона откако пред неколку седмици заедно со  Бернарда Пера од САД триумфираа на ИТФ фјучерс во Санта Маргарита Ди Пула.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -