fbpx
5 C
Skopje

Митрополит Наум Струмички: Нормално е БПЦ да биде наша црква-мајка

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Голема лага е дека Вселенскиот патријарх веднаш ќе ја прекине евхаристиската заедница со Бугарската православна црква / БПЦ / ако таа влезе во евхаристиска заедница со Македонската православна црква – Охридска архиепископија / МПЦ – ОА /. Ова се вели во анализата  на струмичкиот митрополит Наум за бугарската агенција БГНЕС, еден ден пред Бугарската патријаршија да го разгледа писмото на МПЦ, во кое таа моли да биде признаена како независна црква, а исто така ја повикува БПЦ да стане нејзина “Црква-Мајка”.

За нејаснотиите околу врската помеѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија:

1. Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како “Црква-Мајка” – како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ – ОА, е барање што со години го слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и неопходно, бидејќи некоја црква и без тоа треба да стане наша “Црква-Мајка”, за да не извади од изолацијата, која ни е наметната од Српската православна црква / СПЦ / и која потоа ќе не брани и претставува пред Вселенскиот патријарх и останатите православни цркви. Најприродно е тоа да биде БПЦ. “Црквата-Мајка” не е поврзана толку со минатото, туку со една заедничка иднина во името на Богочовекот Христос. “Црквата-Мајка” значи љубов.

2. Од моментот кога БПЦ ќе ја признае автокефалноста на МПЦ – ОА, двете цркви стануваат “сестрински цркви”. Тоа значи дека тие ќе бидат рамноправни, но улогата на БПЦ како “Црква-Мајка” не запира само во однос на другите православни цркви. БПЦ и понатаму ќе ја има честа пред Бога да не брани, претставува и презентира пред Вселенскиот патријарх и останатите православни цркви, додека МПЦ не добие “томос за автокефалност” од Вселенскиот патријарх. Врската со “Црквата-Мајка” не запира само со чинот на самото признавање, а продолжува вечно – како почит, благодарност и љубов.

3. Некои луѓе од Бугарија велат: “За што ќе ни се две цркви, кога и од двете страни на границата живее ист народ?” Дури и да е така, ќе потсетиме дека грчкиот народ, иако е еден, има пет цркви: Александриската, Ерусалимската, Кипарската, Грчката и Вселенската патријаршија.

4. МПЦ-Охридска архиепископија е канонски независна, слободна црква, која не е под канонска јурисдикција на никого. Оваа своја самостојност МПЦ  ја добива со Одлука на СПЦ од 1959 година, во кое се вели: “Светиот Архиерејски собор констатира: дека епархиите Скопска, Охридско-битолска и Злетовско-струмичка на црковно-народен собор, одржан на 4-6 октомври 1958 год . во Охрид, се обособуваат во самостојна Македонска православна црква, која се управува со Статутот, усвоена на овој собор … “а во точка 6 се вели:” со оваа одлука се укинуваат одредбите на Статутот на Српската православна црква за епархиите и архиереите на територијата на Народна Република Македонија . Значи, БПЦ со признавањето на Македонската православна црква, или со општење со нејзините епископи, не се меша во ничија канонска јурисдикција.

5. Воспоставувањето на евхаристиската заедница меѓу БПЦ и МПЦ – ОА е природен резултат и од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси, кон кои со помош на Бугарија се стреми и Република Македонија. Затоа оние кои се противат на тоа единство, се противат на гореспоменатите процеси. Соодветните служби треба да проверат дали овие луѓе работат за туѓи интереси или тоа го прават од незнаење. Според Светите отци незнаењето е најголемо зло.

6. Голема лага е дека Вселенскиот патријарх веднаш ќе прекине евхаристиската заедница со БПЦ, ако БПЦ влезе во евхаристиската заедница со МПЦ – ОА. Прво, Вселенскиот патријарх е свет човек и се грижи за единството на Црквата и нејзините отворени рани. На второ место, како по правило, би испратил писмо до БПЦ, барајќи објаснување за текот на настаните. Трето, би посакал да се инволвира со решавањето на недоразбирањата во црквата, а не да донесува суд. Четврто, ако случајно на Вселенскиот патријарх не му се допаде потегот на БПЦ, нешто во што ние не веруваме, тој би испратил второ писмо со барање за престанок на евхаристиската заедница меѓу БПЦ и МПЦ – ОА. Петто, ако БПЦ и МПЦ – ОА не го послушаат, кое нема да се случи, тој мора да свика т.нар. Мизо Синод со претставници – епископи од други помесни Православни Цркви, на кој да биде решена новонастанатата ситуација и др. Ако Вселенската патријаршија сакала да ја прекине комуникацијата со БПЦ, неучеството на бугарската црква на Критскиот собор е многу посериозен аргумент за тоа отколку комуникација со МПЦ-ОА

7. Конечно, во светлината на глобализацијата, е поверојатно, да не молат да влеземе во единство со православните цркви, или пак да не натераат насила, отколку да продолжиме да бидеме изолирани. Во случај на брзо решавање на спорот кој Грција го има со нашето име, сигурно ќе се реши и статусот на МПЦ, а БПЦ тогаш ќе сфати дека пропуштила голема шанса пред Бога.

Митрополит Наум Струмички 

(Анализа за БГНЕС)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

KАРЛЕУШA ЕМOTИВНА: Плачеше на сред емисија, па ја откри ВИСТИНАTA ЗА СKАНДАЛOТ од пред две години покажувајќи ги фотографиите (ФОТО)

Познатата пејачка Јелена Карлеуша ја отвори душата во шоуто „Шок поток“, при што во еден момент плачеше и бараше реклами. Овој пат, пејачката беше...

Арсовски за градоначалникот: Он не може ГОЛФ 2-ка да поправи за 100 евра, голф терени ќе правел

Ќе правел голф терени од 2.5 милиона евра во Лисиче кај нас. Он од што е неспособен не може да поправи Голф 2ка...

Хит видео Погледнете што и прави познатиот битолчанец Ритко на мажена Бугарка

ХИТ ВИДЕО: Погледнете што и прави познатиот битолчанец Ритко на мажена Бугарка Едно време Омегле беше популарна платформа каде што можеа да се спојат сосема...

Филипче донесе одлука: Благодарам на поkаната, ние тука ќе ги вакцинираме сите наши граѓани

Прочитај повеќе во продолжение Здравствените работници од ковид центрите нема да одат да примат вакцина во Србија по вчерашната јавна покана од срспката премиерка. Венко...

Германски инфектолог откри до кога очекува да трае коронавирусот

Водечкиот германски вирусолог Кристијан Дростен, за разлика од многумина, очекува епидемиолошката состојба да се подобри дури наесен. Во интервју за германскиот магазин „Шпигел“, Дростен рече...
- Advertisement -