fbpx
10 C
Skopje

Младите фудбалери до 19 години повторно ја совладаа Бугарија

АКТУЕЛНО

Македонската фудбалска репрезентација од 19 години и во вториот контролен натпревар извојува победа над врсниците од соседна Бугарија. На тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје момците на Вујадин Станојковиќ во еден доста отворен фудбалски натпревар крунисан со дури пет гола славеа победа од 3-2 (2-2) над надежите на Бугарија.

Резултатот го отвори Богдановски во 11. минута, откако на асистенција на Фазлагиќ биеше неодбранливо за Шеитанов.  По само шест минути игра нашите надежи имаа водство од 2-0, а за тоа се погрижи денес расположениот Миовски. Сепак, темпото на нашите фудбалери во втората половина на првиот дел значително падна, а тоа го искористи Атанас Кабов со два гола за 2-2 на полувреме.

Вторите 45. минути ни донесоа неколку возбудувања воглавно пред голот на бугарските фудбалери, но само еден гол. Во 60. минута Атанасов ја надскока одбраната на бугарите и со прецизен удар со глава го постави конечниот резултат од 3-2.

Претходно, пред два дена овие две селекции одиграа уште еден пријателски натпревар, во кој славеше нашата селекција со 1-0 со голот на Атанасов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -