fbpx
21.8 C
Skopje

Мукаетов останува претседател на РФМ, Мојсоски во Управен Одбор

АКТУЕЛНО

Живко Мукаетов и натаму ќе ја врши функцијата претседател на Ракометната Федерација на Македонија, откако на денешното Редовно Собрание на РФМ акламативно ја доби поддршката. Сите делегати кои беа присутни и имаа право на глас, едногласно ја поддржаа оваа одлука Мукаетов да добие уште еден мандат.

„Голема благодарност до генерациите кои помогнале во развој на македонскиот спорт, сите ракометари, претходни претседатели, генерални секретари и они кои овозможија ракометот да се развие во вакво темпо“, изјави Мукаетов.

Наумче Мојсоски ќе биде дел од Управниот Одбор на РФМ, кој беше изгласан веднаш по доделувањето на довербата кон Мукаетов. Со ова само продолжува одличната работа и тренд на РФМ, кои не заборавија каков придонес имаше Наумче за македонскиот ракомет, како на клупско, така и на репрезентативно ниво.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -