fbpx
21.8 C
Skopje

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 59 години од влегувањето на САД во вселенската ера

АКТУЕЛНО

31. јануари 1958. година, САД успешно навлегува во вселенската ера, лансирајќи го својот прв вештачки сателит на Земјата „Експлорер 1“. Податоците собрани од него, потврдуваат радијационена зона, која ја обгрнува Земјата.

„Експлорер 1“ познат по своето официјално име Сателит 1958 Алфа, е лансиран од страна на Кејп Канаверал со помош на ракета „Jupiter-C“. Тој бил мал и тежел само 13,6 килограми. Половина од тежината му биле претежно инструменти – температурни сензори, микрофони и останати работи кои биле потребни. Информациите до Земјата се испраќале со помош на 10 и 60 миливатови предаватели.

Д-р Џемјс Ван Ален – астрофизичар, во тоа време работи по предметниот проект, ги создал инструментите за „Експлорер 1“, кои го детектираат радијациониот појас околу Земјата. Токму поради оваа причина денес тој го носи неговото име.

Радијациониот појас на Ван Ален претставува облас од магнетосферата на нашата планета со високо присуство на висикоенергетски наелектризирани честички – главно протони и електрони. Тој достигнува длабочина до 1000 километри, а радиоактивните честички во него можат да навлезат преку 1мм олово.

Појасот на Ван Ален создал потешкотии за вселенските бродови – без разлика дали во нив има луѓе или не. Радијацијата е толку силна што може да ги оштети сончевите ќелии, чипови и сензори потребни на апаратите да функционираат. Астронаутите кои минуваат преку појасот, најчесто заболуваат од рак.

Што направила НАСА? Агенцијата започнала да ги исклучува сензорите на апаратите кога минуваат преку појасот на Ван Ален. Истовремено поставила чувствителни инструменти зад поквалитетни заштитни слоеви.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -