Fri. Sep 22nd, 2023

Откако вчера од кабинетот на Претседателот на Република Македонија беше најавено дека тој ќе започне консултации со надлежните институции и политичките партии, денес Ѓорге Иванов има закажано средба со претседателот на Уставниот Суд на Република Македонија, Никола Ивановски.

Според информациите, вчера претседателот Ѓорге Иванов имал средба и со амбасадорот Самуел Жбораг, кој воедно е шеф на делегацијата на Европската Унија во Македонија. На оваа средба се разговарало за актуелната политичка состојба, а амбасадорот Жбогар ги пренел ставовите на ЕУ во врска со ова прашање.

Познато е дека рокот за составување на влада на мандатарот Никола Груевски од 20 дена истече, па тој сега ќе мора да го врати назад. Останува да видиме дали мандатот ќе го добие втората политичка партија по најголем број на пратеници во собранието, СДСМ, или пак повторно ќе припадне во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

By D.S

Leave a Reply

Your email address will not be published.