6.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

Најмоќниот говор на Влатко Ѓорчев: Немаме намера да се предадеме, ќе појдеме од село до село, едно избирачко место нема да им препуштиме, станува Македонија (Видео)

На социјалните мрежи деновиве кружи видео од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев над кое што симпатизерите и членовите на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ пишуваат дека ова е еден од најмоќните негови говори и масовно го споделуваат.

Во говорот Ѓорчев порачува дека тие немаат намера да се предадат бидејќи ова е битка за Македонија. Со ова се поставува прашањето: Дали членовите на ВМРО-ДПМНЕ преку ваквите активности повикуваат на избори бидејќи се сигурни во победа на нивната партија?!

Во тишината на сериозноста на ситуацијата, гледајќи што и се најавува на Македонија, чувствувајќи кои се ветувањата, преземените обврски спрема Македонија, коишто темелно ќе ја редефинираат државноста, ние немаме намера да седиме со скрстени раце, ќе се бориме, ќе гласаме, излегуваме, вели Ѓорчев при што добива громогласен аплауз и скандирање од членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави