23.8 C
Skopje
Sunday, May 5, 2024
Платено политичко рекламирање

Заев имаше телефонски разговор со Ципрас – еве што зборуваа

Превземањето на министерството за надворешни работи од страна на премиерот Ципрас после оставката на министерот Коѕијас е знак дека Грција најсериозно ќе продолжи со имплементација на договорот од Преспа, вели премиерот Заев кој телефонски разговарал со колегата Ципрас, пренесува телевизија 24.

И портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос вели дека двајцата премиери се согласиле за спроведување на договорот.

А во писмо до грчкиот колега Коѕијас, неговиот соборец во составувањето на преспанскиот договор, министерот Димитров вели дека за една година успеале да приближат децениски разлики.

„Со министерот за надворешни работи Коѕијас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една година успеавме да направиме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа.

Нова порака пристигна и од американскиот Стејт департмент. Во интервју за грчката новинска агенција, АНА МПА, претставник на Стејт департментот ги повика лидерите во македонското собрание да ги надминат партиските политики и да ја искористат историската можност која стои пред земјата.

Повеќе за ова во ТВ прилогот на телевизија 24 – ОВДЕ

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави