13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

До кој степен одат малите деца: Тинејџерка послужила колачи со пепелта од својот починат дедо

Во едно средно училиште во Калифорнија отворена е истрага откако тинејџерка испекла колачи во кои замесила пепел од својот неодамна починат дедо.

Ученичката заедно со другарка ги испекле колачите и ги споделиле со најмалку девет соученици во нивното средно училиште во близина на Сакраменто на 4 октомври, изјави Пол Дорошов полковник во полицијата.

Тој изјави дека ученичките од Да Винчи Чартер Академијата им кажале на некои од своите соученици дека колачињата содржат човечка пепел, пренесе АП.

„Некои ги изеле без да знаат за постоењето на дополнителната состојка. Беа згрозени“, рече полицаецот Пол Дорошов.

Она што е невообичаено во овој случај во Академијата е тоа што некои ученици знаеле што има во колачите и сепак ги изеле, додаде Дорошов.

Енди Нокс, ученик во училиштето, за телевизијата КЦРА кажа дека му било понудено колаче и дека му било речено дека има „посебна“ состојка во него.

„Помислив дека содржи дрога или така нешто, па ја прашав дали има марихуана или… Таа одговори: Не, пепелта од дедо. Потоа се насмеа и јас навистина бев згрозен“, рече ученикот.

Полицијата спроведува истрага за случајот. Властите објавија дека децата не биле изложени на никаков ризик по здравјето.

поврзани објави

Последни објави