fbpx
18 C
Skopje

Неколку совети како да се заштитите од грипот

АКТУЕЛНО

Грипот сериозно ја зафати Македонија оваа сезона, а веќе ги одзема и првите жртви. За да се заштитите од него, ќе ви дадеме неколку совети, а ваше ќе биде дали ќе ги применувате.

Физичка активност

Редовно трчање во рок од 20 минути или полесни вежби.

Мед и прополис

Медот е добар за ждрелото, а прополисот е одличен за борба со бактерии и ја смирува слузокожата на носост и грлото.

Супа

Познатата пилешка супа е добро решение за зимскиот период. Многу истражувања покажуваат дека е добра за јакнење на имунолошкиот систем.

Редовно миење на рацете во текто на денот

Мијте ги рацете полека, идеално би било околу 20 секунди, со млака вода и сапун. Добра замена е и средство за дезинфекција на рацете.

Рацете подалеку од устата и носот

На дланките има најголем број бактерии, особено во зима. Затоа е важно да ги држите подалеку од носот и устата. Зиме повеќе користете прибор за јадење, а ако јадете сендвич или храна која се јаде со раце, фаќајте ја со хартивче.

Чистете ги површините околу себе

Постојат средства кои ги уништуваат бактериите. Задолжително чистете ги површините околу вас, површината на која седите, телефонот, тастатурата.

Додатоци во исхраната

Освен разновидна исхрана пожелно е да внесувате и појачана доза витамини. Билни чаеви, витамин Ц, магнезиум.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -