fbpx
18 C
Skopje

Одличен гест на Анадолу Ефес – Седумката на Пеце Наумовски замина во историјата

АКТУЕЛНО

Турскиот кошаркарски гигант, Анадолу Ефес, се одлучи да го повлече дресот со број седум во чест на македонската кошаркарска легенда, Петар Наумовски.

Тој не го криеше своето задоволство по доделувањето на оваа награда, и изјави дека чувството после ваков гест е навистина прекрасно и неописливо.

„Се чувствувам навистина прекрасно, не можам да опишам. Успехот не е само мој, туку е на целиот Ефес, сите мои соиграчи. Благодарност до претседателот Тунчај Езилхан, како и тренерот Ајзин Ерс и на вас, кошаркарски фанови. Навистина сум горд што добивам вакво нешто. Ви благодарам, уште еднаш и ви посакувам се најдобро и многу победи на Ефес до крајот на сезоната, па и понатаму“, изјави Наумоски.

Првиот човек на МКФ, Наумовски, кој е прогласен за кошаркар на векот во Македонија, двапати во својата кариера ги бранеше боите на Анадолу Ефес. Најправо од 1992 до 1994 година, а потоа од 1995 до 1999 година.

Тој со Ефес има освоено вкупно 13 трофеи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -