fbpx
7 C
Skopje

Паметни телефони кои се полнат за само 5 минути во продажба од 2018 година

АКТУЕЛНО

Паметни телефони чии батерии се полнат за само пет минути ќе влезат во продажба од идната година. Таквата технологија за прв пат беше претставена во 2015 година, кога изралеската компанија StoreDot претстави флеш батерија на саем во Лас Вегас.

Извршниот директор на StorеDot, Дорон Мајесдорф, за BBC изјави дека стартот на производството се оечкува на почетокот на 2018 година и наведе дека се уште не може да наведе кои производители на телефони ќе ја користат таа технологија.

Тој пред две години изјави дека батеријата на неговата компанија содржи материјали кои овозможуваат нетрадиционални реакции и необично брз трасфнер на јони од анодите до катодите, кој е процес со кој се напојуваат батериите. Батериите на StoreDot се прават од наноматеријали имаат исклучително мала структура и неименувани органски соединенија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -