fbpx
12.8 C
Skopje

Панчев повторно дел од „црвено-црните“: Време е Европа да слушне за Вардар!

АКТУЕЛНО

Дарко Панчев се врати во Вардар. Фудбалската легенда ќе биде спортски директор на најтрофејниот македонски клуб.

Денеска официјално на прес конференција, тој беше промовиран во спортски директор. Досега на ова место работеше Гоце Седлоски, пред него на оваа позиција беше русинот Сергеј Андреев во ерата од кога клубот го поседува Сергеј Самсоненко.

По третпат се враќа со функција во матичниот клуб, а ако се смета и неговото играње ова ќе биде четвртото искушение на Дарко во Вардар. Според најдобриот вардаров стрелец во историјата на клубот, шампионот мора да игра офанзивно, иако и сега ја остварува целта и освојува домашни титули. Сега, целта ќе биде исчекор на Вардар во европските купови и пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите, или Европа Лигата на УЕФА.

„Мислам дека нема потреба да се преставувам, сите знаете кој сум, ниту да зборувам што претставува Вардар во мојата кариера и во мојот живот. Нормално се чувствувам возбуден што сум на помошното игралиште на Вардар каде што ја почнав кариерата. Прекрасно е да знам дека секојдневно ќе бидам на стадионот кој за мене и за многу други засекогаш ќе остане Вардаров стадион. Раководството на Фудбалскиот Клуб Вардар и г-нот Сергеј Самсоненко најдоа вистински начин, можеби и вистински момент да иницираат средба. Разговорите беа конкретни исто како и понудата, и денеска оваа промоција е резултат на сето тоа. Од она што можев да се запознаав во изминатите две недели, можам да кажам дека во клубот се создадени услови кои ќе овозможат работите да се подобруваат во клубот, и Вардар организациски и фудбалски во догледно време да се издигне на едно ниво погоре“, изјави Панчев на денешната промоција во Фудбалската Академија на ФК Вардар.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -