fbpx
16 C
Skopje

Почина креаторот на знамето на геј заедницата – Гилберт Бејкер

АКТУЕЛНО

На 65-годишна возраст почина уметникот и активист Гилберт Бејкер, кој во 70-тите го создава дизајнот на “Знамето на слободата” – симболот на ЛГБТ заедницата. Пред тоа Бејкер слика повеќе банери за поворките во заштита на ЛГБТ-заедницата и за протестите против војната, кои се одржуваат во Сан Франциско за време на хипи бранот во САД.

Бејкер е роден во 1951 година во Канзас. По воената служба во почетокот на 70-тите тој се населува во Сан Франциско, каде се запознава со Харви Милка – американски политичар и првиот отворен геј претставник, кој подоцна е убиен од свој колега поради сексуалната ориентација.

По 1994 година Бејкер се сели во Њујорк и останува таму до последниот здив. Знамињата со прикажано виножото се користат и претходните години, како симбол на општествена промена и идентификација, при што се смета дека Бејкер се инспирирал токму од нив.

Во првичната верзија, знамето на Бејкер се состои од осум бои и се вее за прв пат на геј парада во јуни 1978 година, благодарение на 30 волонтери кои го шијат заедно со него. Секоја боја во оригиналот ја носи својата симболика – розова (сексуалноста), црвена (животот), портокалова (здравјето), жолта (сончевата светлина), зелена (природата), тиркизна (магијата), индиго (спокојството) и виолетова (духот).

По бројни трансформации знамето во моментов се состои од 6 линии – недостасуваат розовата и тиркизната нијанса.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -