-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пандев амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017: Пресметка помеѓу Јунајтед и Јуве или Барса

Најдобриот фудбалер на Македонија, Горан Пандев денес официјално беше претставен како амбасадор на УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“ кој ќе се одигра на 8. август на Арената „Филип Втори“ во Скопје.

„Најпрво сакам да се заблагодарам за укажаната доверба од страна на ФФМ. За мене ова ќе биде огромна чест како Македонец да бидам амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017“, истакна Пандев.

Играчот на Џенова ги откри и своите амбиции односно желби за тоа кој би сакал да дојде во Скопје и да се бори за титулата.

„Јас би сакал Манчестер Јунајтед да биде победник на Лига Европа, додека од Лигата на Шампионите во Скопје би сакал да пристигне подобриот од двомечот помеѓу Јувентус и Барселона“, додаде Пандев.

поврзани објави

Последни објави