8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Форд продолжува со инвестиции – 600 милиони евра во Германија

Автомобилскиот гигант „Форд“ инвестира 600 милиони евра во склопување возила во областа Сарлуис, Германија, каде се подготвува терен за производство на новата генерација Ford Focus.

„Инвестицијата од околу 600 милиони евра ја потврдува нашата континуирана лојалност кон Германија, како наш главен центар на операции во Европа. Вработивме повеќе од 25.000 луѓе само во оваа земја, што е повеќе отколку што вработуваме во цела Европа“, вели Џим Фарлеј, претседател и извршен директор на Форд во Европа, Блискиот Исток и Африка.

Со инвестицијата следуваат подобрувања во ефикасноста на трошоците и продуктивноста на производството во оваа област.

„Имаме екстензивни постројки за производство на возила и мотори и во Сарлуис и во Келн кој исто така, е дом на големи дизајн и инженеринг операции и е одговорен за правење возила за потрошувачите ширум светот. Во Ахен постои центар за истражување и иновација на „Форд“ каде се работи на развивање нови технологии“, додава Фарлеј.

поврзани објави

Последни објави