Вработените лица во компанијата на Сеад Кочан, „Трансмет“ денес излегоа пред Специјалното јавност обвинителство да протестираат барајќи да се повлече мерката притвор за нивниот газда.
Со тешка машниерија околу 50-тина вработени во фирмата „Трансмет“ бараат помош за својот сопственик, кој пак веќе десетина денови не е достапен за полицијата.
Покрај потрагата од МВР, за Кочан е распишана и меѓународна потерница, но ниту Унтерпол не успева да му влезе во траг. Неофицијално тој границата со Македонија ја напуштил и заминал првично во Србија.