12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Коливо“ во делчевското село Град

Заврши снимањето на краткиот филм „Коливо“, кој се снимаше во делчевското село Град, во режија на Андреј Илиевски. Филмот е во копрудикција на „Веда филм продакшанс“ од Македонија и „Концепт студио“ од Бугарија.

„Коливо“ својата примера ќе ја има на некој реномиран фестивал во Европа, додека подоцна неговата премиера ќе биде пуштена и во Македонија.

Задоволство од работата искажа Андреј Илиевски – Волкашин кој порача дека идеја ја добил минатата година пред да замине во Шпанија, инспириран од неговата баба.

Во филмот се раскажува секојдневието на Дана, жена чиј живот се разоткрива одеднаш, откако на традиционалното коливо ќе се појави нејзиниот поранешен љубовник Марко.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави