Криминогенотo раководство на СДСМ не собра храброст да се огради и да ја отфрли Тиранската Платформа.
СДСМ и нивниот претседател аболицираниот Зоран Заев отидоа до таа крајност велејќи дека ќе дебатираат по прашања кои се од национален и државен интерес. Најавената дебата започна да се реализира на дело.
Гласот на народот не смее да биде изманипулиран од страна на аболицираниот Зоран Заев, кој поради криминалот во кој е заглавен до гуша, прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање на Влада по нотите од Тирана.
Поради „Поткуп“, „Пуч“, „Цареви кули“ и ред други криминали, аболицираниот Заев го одобрува однесувањето на неговиот партнер Зијадин Села кој бара промена на знамето, химната и го негира постоењето на македонскиот народ. Дури и на еден од неговите партиски собири најавува бркање од работа на Македонците.
Целта за растурање на Македонија постои скоро цела деценија, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори од надвор во аболицираниот Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од кривичен прогон. Сакајќи да се спаси себе Зоран Заев ја жртвува Македонија.
Последиците од реализирање на Тиранската Платформа ќе бидат катастрофални, затоа ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува да се откаже од уцената. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од Тиранската Платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните каде граѓаните ќе може демократски да изберат програма, платформа, вклучително и онаа од Тирана, доколку во неа верува Зоран Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.