6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

По пауза од три месеци: пратениците повторно во Собрание

Денес напладне парламентарните политички партии ќе имаат кооординативна средба за закажувањето на продолжението на Конститувната седница на Собранието.

Средбата ја свика претседавачот Трајко Вељановски, откако во петокот СДСМ поднесе иницијатива со 67 потписи. На средбата ќе треба да биде утврден составот и да се формира Комисија за избори и именување.

Напладне во земјата ќе пристигне и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн. Поради ваквата ситуација, од иницијативата „За заедничка Македонија“ денес најавија протест, а има можност и да го блокираат пристапот до Собрание.

Директорот на БЈБ, Митко Чавков гарантира дека пратениците непречено ќе можат да пристигнат во Собрание и да ја завршат својата обврска.

поврзани објави

Последни објави