Ќерката на претседателот на САД, Доналд Трамп, Иванка Трамп ќе добие своја канцеларија во западното крило на Белата куќа, како советник на својот татко.
Претставник на Белата куќа потврди дека 35-годишната Иванка Трамп ќе добие своја канцеларија во западното крило, како и пристап до доверливи иформации и мобилни телефони, кои ги издава Владата.
Не се очекува дека таа ќе има официјална титула, ниту дека ќе прима плата.
Иванка ќе му се приклучи на нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, кој е главен советник на Трамп