3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

ФОТО: Колев до Штипјани – Народ што не си го знае и почитува минатото е како дрво без корен, се суши и исчезнува!

По повод 110 годишнината од убиството на Михаил Развигоров, претседателот на МБП Петар Колев положи свежо цвеќе на гробот на војводата Мише Развигоров во Штип, а воедно упати и повик до своите сограѓани пред да заминат да ја „бранат“ Македонија, да отидат до црквата Св. Спас и да му оддадат почит на гробот на Развигоров, бидејќи како што вели, „народ што не си го знае и почитува минатото е како дрво без корен, се суши и изчезнува!“

Во продолжение следува интегрален текст од повикот на Колев:

„Штипјани, пред да заминете да ја “браните” Македонија, отидете до црквата св. Спас и оставете барем по едно цвеќе на гробот на великанот Михаил Развигоров! Затоа што народ што не си го знае и почитува минатото е како дрво без корен, се суши и изчезнува!

На 21 март 1907 година е убиен војводата Мише Развигоров, спасителот на мојот роден град Штип. По крајот на Илинденското востание, отоманските поробувачи почнуваат да се однесуваат жестоко кон населението на Штип. Го пљачкосуваат, не им плаќаат на аргатите кои работат на турските имоти, убиваат, палат куќи, дури опожаруваат и цели села во Штипско. Тоа предизвикува огромно иселување на штипјани во слободна Бугарија.

Мише Развигоров започнува “дипломатска” мисија во која директно им кажува на турците дека ако продолжат со жестокоста тој со неговата чета ќе им ги запали имотите и ќе ги ликвидира сосе семејствата. Турците знаеле кој е Развигоров и биле свесни дека воопшто не е разумно да не го изпочитуваат неговиот ултиматум. Благодарение на тоа, жестокоста се намалила, аргатите запичнале да добиваат тоа што го изработиле, убиствата и палежите се намалени, а иселувањето се намалило како интензитет.

Слава ти војводо, ако ти не го даде твојот животот пред 110 години , денес немаше да не има ниту нас, ниту нашиот прекрасен Штип!“

поврзани објави

Последни објави