14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Лицата со Даунов синдорм ќе бидат целосно вклучени во општеството

СДСМ преку соопштение испраќа порака дека и лицата со Даунов синдром ќе бидат целосно вклучени и прифатени во општеството, според нивните можности и потреби. 

„На денешниот Светски ден на лица со Даунов синдром испраќаме порака дека промените незапирливо доаѓаат за сите граѓани на Македонија, што носат квалитетен живот и еднакви права за сите, како што предвидува Уставот.

Граѓаните со Даунов синдром ќе бидат целосно вклучени во општеството, според нивните можности и потреби.

На децата државата ќе им помогне полесно да се интегрираат уште во најраната возраст.
Во градинките ќе им бидат законски обезбедени соодветни услови за функционирање според нивните потреби. Со децата задолжително ќе работи специјален едукатор, кој ќе им олеснува во активностите. Ќе постои систем за проценка на децата со попречености, според меѓународни стандарди, базиран на нивните способности, а не на она што не го можат.

Целта е да им се овозможи тие да бидат економски активни во животот, според нивните можности.

За родителите на децата со попреченост државата ќе обезбеди скратено работно време кое што ќе продолжи и кога тие ќе наполнат 26 години. Целосно ќе се укинат временските ограничувања на работното време на родителите.

Лицата со Даунов синдром ќе добијат вистинска шанса за вработување во јавната администрација затоа што строго ќе се почитуваат квотите за вработување лица со посебни потреби во администрацијата, со уважување на стручни мислења издадени од центрите за социјална работа, за приоритет при вработувањата.

Секој е важен и секој го заслужува своето место во општеството!

Затоа итно е потребно формирање на новата реформска Влада којашто посветено ќе работи кон подобрување на условите за живот на лицата со попреченост и Даунов синдром, како и на сите граѓани на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави