23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Села: Наместо да излеземе од неа, ние ја продлабочуваме кризата

По средбата помеѓу Зијадин Села и Јоханес Хан, лидерот на Алијанса на Албанците истакна дека наместо да има решение на кризата, таа дополнително се зголемува.

„Хан порача дека е потребно што побрзо да се формира влада која ќе продолжи по патот на евроинтеграциите. Личниот став на претседателот може да биде различен, но тој нема право тој став да го користи и сам да одлучува дали ќе го додели мандатот или не“, изјави Села.

Откако е јасно дека има обезбедено 67 потписи за мандат, тогаш Иванов е приморан да го даде мандатот, но и без тоа со Собранието може да изгласа Влада.

„Не гледам причина зошто Хан би разговарал за евентуални санкции од ЕУ кон нас, сепак за тоа треба да разговара со оној што го креира и контролира моменталниот хаос во државата“, додаде Села.

поврзани објави

Последни објави