„Денеска имавме уште една посета на комесарот Хан, со уште тројца европратеници. Тие даваат поддршка за да излеземе од кризата, во овој правец е и посетата, но не охрабруваат и нас политичките партии да работиме и да гледаме повеќе на иднината на држава, отколку личниот интерес.
Ние, како БЕСА, сме тука да допринесема да се излезе од оваа криза, бидејќи во Македонија има сили кои сакаат оваа институционална криза да ја втурнат во меѓуетничка“, вели Касами.
Тој додава дека тие добиле поддршка од Хан за формирање на Влада.
„Комесарот Хан не поддржува во нашите постапки, за Влада која во моментов има поддршка од 67 пратеници“ .
Тој кажа дека на средбата со екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, БЕСА кажала дека ќе даде предлог за претседател.