5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

МАН, НСНМ и НЗС со порака до Хан – да престане политичкиот прогон на новинарите и медиумите

Македонската асоцијација на новинари МАН, Независниот синдикат на новинари на Македонија НСНМ и Независниот совет за етика НЗС денеска по пристигнувањето на Хан во канцеларијата на ЕУ во Скопје, му предодоа извештај за состојбата во медиумскиот сектор во Македонија и побараа средба со еврокомесарот, на што еврокомесарот одговори кратко „Следниот пат“.

Претходно претставниците на МАН, НСНМ и Независниот совет за етика остварија куса средба и со европратеникот Иво Вајгл на кого исто така му ги пренесоа своите позиции и ставови.

‘’Oчекуваме променет однос на ЕУ кон граѓанскиот сектор во Македонија бидејќи според сегашната состојба Хан ја наема целосната слика за Македонија туку само еден мал дел информации под контрола на мрежата на СОРОС. Очекуваме Хан и ЕУ да се заложат за осуда на политичкиот прогон од СЈО кон медумите кои Заев ги нарече непријатели и да имаме еднаков третман од меѓународната заедница’’, изјави Ивона Талевска од Македонската асоцијација на новинари.

„Очекуваме заложба од меѓународната заедница да  престане политичкиот  притисок од од партија врз медиумите. Бараме нивен придонес за разрешување на политичката криза’’, смета Мери Ѓорѓиевска од Независниот совет за етика.

’Да запре политичкиот прогон и селективното делување врз медиумите,медиумските работници,новинарите,уредниците и сопствениците на медиуми.Претставниците на меѓународната заедница да придонесат ова да не биде причина за загрозување на работните позиции, работничките права и слободата на говор како камен темелник на демократијата и слободатa’’, изјави претседателот на Независниот синдикат на новинари на Македонија“, Градимир Марковски.

поврзани објави

Последни објави