-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јанева не оствари средба со претседателот на Врховниот суд

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева не се појави на закажаната средба со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Јанева во последен момент го известила Вангеловски дека нема да може да дојде поради неодложени обврски. Претседателот на Врховен суд инфомираше дека тие дополнително ќе закажат средба на која ќе се сретнат со Јанева.

Претходно Вангеловски оствари средба со јавниот обвинител Марко Зврлевски и претседателот на адвокатската комора Никола Додовски, кој го брани Сеад Кочан, бизнисменот кој е во бегство по потерницата од МВР, а го бара и Интерпол.

На средбите се разговарало за подобрување на комуникацијата помеѓу самото обвинителство и Врховниот суд.

поврзани објави

Последни објави